Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското женско кошаркарско првенство.
Вчера на домашен терен баделки убедливо ја победија екипата на Шкупи, со резултат 99-26. Имено, клубот од Кисела Вода во моментов е прв на табелата и досега нема ниту еден пораз од почетокот на првенството.
Додека, јуниорките на Бадел на гостински терен беа поразени од страна на тимот на ЖКК „Крива Паланка“, со резултат 84-60.