Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на домашен терен убедливо ја победија екипата на ЖКК „Патриот 2016“ од Делчево, со резултат 89-40.
На натпреварот кој се одигра во рамки на четвртото коло од јуниорската лига во женска кошарка предводеше Марковска со постигнати 30 поени во кошот на клубот од Делчево.
Додека, Блажевска забележа 18, Ѓуковиќ, Цветановска, Глигорова и Даниловска дадоа по 6 поени. Тренчевска и Зукорлиќ завршија со по 4 поени.
