Свет

Татко и две деца од Британија се удавија во базен во Шпанија

Три члена на едно британско семејство, татко со две деца се пронајдени мртви во базен во туристичкиот комплекс Коста дел Сол, каде биле сместени на југот на Шпанија, соопштува денеска локалната полиција.

Андалузијската регионална влада објави на Твитер дека полицијата стигнала на местото на несреќата. Таму ги пронашла телата на 53-годишен маж и две деца на возраст од 9 и 16 години, како лебдат на површината на водата во базенот.

„Полицајците утврдиле дека тие се мртви и не можеле да направат ништо за да им помогнат“ се вели во објавата и се додава дека полицијата го истражува инцидентот.

Очевидци раскажале дека таткото и 16-годишниот син скокнале во вода за да ја спасат ќерката која се давела, но на крајот сите се удавиле.

фото: destinia.co.uk

 

На почеток