Македонија

Директорката на МНТ: „Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“

„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“ – изјави директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска, која е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци за случајот со дивеењето на навивачката група „Шверцери“.

Инаку Владата вчера ја донесе оваа одлука во врска со настанот од 23 ноември, кога голем број навивачи од групата „Шверцери“ буквално го „опседнаа“ МНТ, газеа и скокаа по столчиња и му нанесоа штета што беше проценета на 3.965 евра.

Причината за казната, според Владата, е: „Директорката направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор“.

фото: Архива

На почеток