Македонија

Во сообраќајна незгода во Велешта тешко повреденa жена

На 28.12.2019 на регионален пат Р1201 во с.Велешта патничко моторно возило„шкода“ со чешки национални ознаки управувано од Б.Л.(69) од Р.Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Ш.Л.(43) од с.Велешта, струшко.     Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило„шкода“ Б.Б. која е пренесена во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

фото: Архива

На почеток