Македонија

(ФОТО) По 17 -ти пат украсена подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро

Нуркачите на Нуркачкиот центар “Амфора” и Клубот за подводни активности “Охрид” годинава по 17 -ти пат  ја поставија  и украсија  подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.

Со желби за добро здравје , навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки  во нивниот живот полн со предизвици  им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своевидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода.

Благодарност до моите сограгани за несебчната поддршка која ми ја даваат годиниве. Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ќе се унапредат политиките за грижа  на овој тип на пациенти, истакна Лолеска Гордана грагански активист и член на здружението на грагани со ретки болести “Живот со предизвици”.

 

фото: Нуркачки центар Амфора

На почеток