Кинескиот научник кој минатата година го шокираше светот со создавањето на првите „генетски модифицирани“ бебиња, е осуден на три години затвор, поради незаконска медицинска пракса, објави агенцијата „Ксинхуа“.
Покрај затворската казна, тој беше осуден и со парична казна од 430 000 долари, јави Синхуа.
Двајца негови соработници добија помали казни.
Жанг Ренли беше осуден на две години затвор и Квим Жинџоу на една и пол година.
фото: Архива