Македонија

ВМРО НП: Будно ја следиме постапката за формирање на техничката Влада

ВМРО-Народна партија будно ја следи постапката за дормирање на техничката Влада која ќе ги организира и спроведе претстојните предвремени парламентарни избори и притоа предлага да од следните редовни парламентарни избори се модификува концептот на техничка влада со тоа што ќе се намали времетраењето од сто дена на еден месец пред одржувањето на изборниот процес, се вели во соопштението од ВМРО НП.

ВМРО-Народна партија го поддржува овој процес и во ред е да и овој изборен циклус кој претстои, заврши по претходно договорените правила, меѓутоа ваквата промена се предложува од проста причина што периодот од сто дена одзема премногу време и простор за работа на претходно избраната Влада.

Со ваквиот потег Македонија ќе докаже дека е демократски созреана и дека е конечно спремна да се носи со демократските предизвици кои произлегуваат од принципите врз кои се води и управува оваа држава, се вели во соопштението од ВМРО НП.

фото: Архива

На почеток