Свет

(ВИДЕО) Верничка го разлути Папата – тој удри по раката

Папата Франциско се извини откако вчера на плоштадот Свети Петар удри верничка која грубо го повлече кон себе и не сакаше да го пушти.

„Трпеливоста е љубов. Понекогаш го губиме трпението, како јас вчера. И денеска се извинувам за вчерашниот лош пример“, изјави понтификот обраќајќи се со традиционалната проповед пред верниците собрани на плоштадот на Свети Петар во Ватикан по повод Новата година.

Имено вчера верничка го разлути папата Франциск, кој отиде на ватиканскиот плоштад Свети Петар да се восхитува на Божикните јасли поставени таму под смрека и да ги поздрави верниците. Папата вообичаено се ракувал со пристутните вернции, по што имал немара да се врати во папската комора, кога една верничка дојдена на аџилак неочекувано му ја зграпчила раката и силно го повлекла кон себе. Во тој момент вообичаено пријателското лица на папата Франциск се изменало, се разлутил по што ја плеснал по раката многу упорната верничка.

фото: Indiatimes.com

 

На почеток