Магазин

Денеска е Св. Игнат, тоа што ќе го правите денеска ќе го правите цела година

Денеска е Свети Игнат. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Во народот постои верување дека она што ќе го правите и ќе ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата цела година. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Првиот гостин што ќе ви дојде и ќе го пречекори прагот на вашата куќа се вика полазеник. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството. Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне годината.

Исто така се верува дека каков ќе ви биде денеска денот, таква ќе биде целата година, затоа, денеска бидете весели и среќни, за целата година да ви биде исполнета со радост.

фото: Архива

На почеток