Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за прв човек во МВР, СДСМ прифати

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР. Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.  Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.

За дополнителен заменик-министер за администрација е предложена пратеничката Невенка Стаменковска, во земјоделие – Цветан Трипуновски, додека пак, за финансии – Гордана Димитриеска.

Утре паралментот најпрво ќе треба да ја констатира оставката на Зоран Заев. Претседателот Стево Пендаровски пак, ќе треба веднаш да го додели мандатот за состав на техничката влада на Спасовски, а техничката влада се гласа од парламентот. Според законските рокови, собранието ќе треба да се распушти до 10 февруари, а на 12 април да се одржат и договорените избори.

На почеток