Македонија

Пендаровски денеска ќе му го врачи мандат на Спасовски и на членовите на новиот состав на Владата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска (03 јануари 2020 година, петок), врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски.

По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на Влада на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.

фото: Архива

На почеток