Некатегоризирани

Хорор во Франција – Со ловечка пушка ранил еден човек во градското собрание, а потоа се самоубил

Во градското собрание во градот Дре, кој се наоѓа на околу 70 километри од Париз, непознат напаѓач отвори оган и рани еден службеник, по што изврши самоубиство.

Според првичните информации, францускиот службеник е сериозно повреден и е во животна опасност.

Медиумите објавија дека напаѓачот вооружен со ловечка пушка влегол во собранието околу 10 часот, по што отворил оган и го застрелал службеникот.

 

 

На почеток