Свет

АИ и ја одзеде наградата на Аунг Сан Су Чи

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ (АИ) ја повлече наградата доделена на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи поради „срамното предавство на вредностите за кои некогаш се залагала“.

АИ денеска сооптши дека нејзиниот генерален секретар Куми Наидо ја известил Су Чи дека организацијата ја повлекува наградата „Амбасадор на совеста“, која и беше доделена во 2009 година.

Наидо наведе дека АИ очекуваше од Су Чи да го употреби својот „морален авторитет и да истапи против каква било неправда“ на која е сведок, посебно во Мјанмар.

АИ ја критикуваше Су Чи и нејзината влада дека не презеле ништо по повод насилството на мјанмарската армија над муслиманскиот народ Рохинџи.

На почеток