Свет

Малчанскиот берберин порачал: Никогаш нема да ме фатите, неговиот татко не сака да слушне за него

Никогаш нема да ме фатите!И јас сум вооружен, не ми можете ништо, оваа порака ја испратил Нинослав Јовановиќ, 46-годишниот бербер од Малча, човекој кој го бара цела Србија, педофилот кој ја киднапира и измачуваше малата Моника.

Додека трае потрагата се јави и неговиот татко. Тој за српските медиуми изјавил:

„22 години затвор не помогнаа Нинослав да се промени, а никогаш и нема. Срам ми е. Не сакам да слушнам за него“.

Како што пренсуваат српските медиуми, Моника  пред полицијата и психијатрите и психолозите детално опишала како монструмот ја пресретнал на пат кон училиште на улица во Брзи Брод.

– Додека одев на училиште тој го запре автомобилот покрај мене и ми рече дека залутал зашто дел од патот е затворен поради изградба. Ми рече дека добил работа во училиштето како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот за да му покажам како да стигне до училиштето бидејќи и тој одеше таму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот тој не одвезе на гробиштата и ме однесе во шумата, раскажала Моника.

Таа објаснала дека монструмот потоа ја фрлил во импровизирано засолниште каде што малку ѝ ја скратил косата по што почнала психичката и физичка тортура.

– Тој ме измачуваше, ми се закануваше … Ме тераше да печашам пет или шест часа секој ден и ме шишаше, малку по малку, ми правеше грозни работи. Тој постојано ми велеше дека полицајците не го бркале само него, туку и мене и дека и двајцата ќе нè убијат ако не фатат, рекла Моника.

12 годишната Маника имаше среќа, после 10-дневна потрага таа беше пронајдена  жива. Таа во моментов сеуште е во болница со своите родители кои не ја испуштаа ни миг. Девојчето работи со психолози и психијатри и се обидува да го преброди најтешкиот период од животот. Заедно работат на нејзино опоравување.

фото: Архива

 

 

На почеток