Македонија

После железничката станица Велес, забележан човечки труп

На 04.01.2020 во 06.45 часот во СВР Велес било пријавено дека машиновозачот во МЖ С.В.(50) додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп. Од полициски службеници од СВР Велес бил извршен увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Архива

На почеток