Македонија

Џафери: Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли

Дозволете од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, на сите православни верници кои денес го прославуваат големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, да им упатам искрени честитки за овој убав празничен ден, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење на добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена.

Драги граѓани, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.

Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.

фото: Архива

На почеток