Видео и Фото

ФОТО: Бездушниците во Охрид не мируваат ни на Бадник

Здружението за заштита на животните „Лајка“ објави дека денеска во Охрид било отруено маче, на ден Бадник. Изминативе денови, биле отруени минимум пет кучиња и мачиња, а иако полицијата праела записник, тие се плашат дека нема да има епилог.

„Отруено маче на улица Марко Цепенков, Охрид. Ден Бадник, а бездушниците не знаат да мируваат. Алармантно е ова што го чинат, но уште поалармантно е што им е дозволено да го чинат – нема истраги, надлежните не притискаат да се најде сторителот и продавачот на отровот, законот мртво слово на хартија. До кога ли вака? Вчера и завчера минимум пет кученца и маченца беа отруени на ул. Гоце Делчев, дојде полиција по наша дојава, но се плашиме дека и оваа пријава како и мноштвото други претходно ќе нема краен епилог“, се вели во објавата на здружението „Лајка“

 

https://www.facebook.com/LaikaOhridStruga/photos/a.1178403718957764/1789987154466081/?type=3&theater

 

Примарна форографија: Архива

На почеток