fbpx
чет. Мар 4th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Груевски се јави: Направете ја Македонија достоинствено место за живеење, посакувана за живот

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски по повод празникот Божиќ порача дека Македонија треба да биде достоинствено место за живеење, поправедна земја со посплотен народ и посакувана за живот, а не за заминување.

„Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања. Љубовта да ја надвладее омразата. Успесите да се далеку побројни од поразите. Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава. Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне. Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава. Нека овој Божиќ донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели“, напиша Груевски на социјалните мрежи.

 

Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено…

Geplaatst door Nikola Gruevski op Dinsdag 7 januari 2020