Свет

(ВИДЕО) Дете се шетало по работ на зградата додека родителите се туширале

Снимка од која ќе ви замрзне крвта. На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како девојче шета на работ од зграда на четврти кат и тоа од терасата до прозорецот.

Видеото го снимила туристка во Шпанија  Видеото е објавено на Фејсбук страницата „Го сакам Тенерифе!“, на кое пишуа дека таткото на туристката потрчал кон зградата за да извести некого што се случува.

Според информациите, детето се качило преку терасата додека неговите родители „се туширале“, се наведува во објавата на Фејсбук, пренесува „Скај њуз“.

Инцидентот се случил во градот Плаја Параисо, кој се наоѓа на југозападниот брег на најголемиот остров на Канарскиот архипелаг.

Не е познато како завршил инцидентот.

Фото: Daily Mail

 

На почеток