Магазин

(ФОТО) Балканец го запишал своето дете во училиште во Шведска – нема да верувате како тие реагирале

Откако ќе го прочитате ова искуство, нема да се чудите зошто младите заминуваат од земјава и регионов.

Слободан Муфтиќ со семејството се преселил во Шведска. Минатиот август тој отишол својата ќерка да ја запише во училиште. На својот ФБ профил тој го објави разговорот со директорот на училиштето.

Слободан Муфтиќ: Се преселивме неодамна во Шведска. Имаме 11- годишна ќерка која треба да ја запишиме во училиште.

Директорот: Добро, пополнете ги формулариве и ни требаат некои основни податоци за вашата ќерка.

Слободан Муфтиќ: Па видите таа не знае шведски.

Директорот: Добро, ќе научи…

Слободан Муфтиќ: Можеби на почетокот ќе треба да работи по посебна програма?

Директорот: Постои и таа можност, но сметаме дека најдобро и најбрзо ќе научи во класот со останатите деца. Една наставничка која предава Шведски јазик ќе работи само со неа два саати дневно.

Слободан Муфтиќ: Што Леона треба да носи на училиште?

Директорот: Ништо. Книги, техтери, моливи, пенкала, гуми, режала, лењири… се ќе добие овде. Само мора да води сметка батеријата од ај падот да не и биде празна.

Слободан Муфтиќ: Значи мора да и купиме Ај Пад?

Директорот: Ма не. И Ај Пад ќе добие од училиштето за полесно да се снаоѓа со преводот и да и се олесни учењето, само мора таа да внимава на батеријата.

Слободан Муфтиќ: Дали треба дневно да и подготвуваме храна?

Директорот: Нема потреба. Појадокот е од 07:30, а ручекот во 12:00. Секој ден имаме две менија со месо и вегетеријански.

Слободан Муфтиќ: Мислите ли дека дома понекогаш треба да разговараме Шведски со Леона?

Директорот: Никако. Дома треба да разговарате на хрватски. И не само тоа. Би било добро еднаш неделно да учи хрватски на дополнителна настава.

Слободан Муфтиќ: Имате ли некој кој предава хрватски јазик?

Директорот:Во нашето улилиште немаме, но дополнителна настава по хрватски јазик се одржува во четврток од 16:00 часот во Ериксдалсколанд.

Слободан Муфтиќ: Тоа е на спротивната страна од овој град.

Директорот: Нема проблем ќе порачаме такси.

Слободан Муфтиќ: Такси?

Директорот: Да ќе чекате на паркингот секој четврток во 15:45 ќе ја земе и ќе ја врати дома веднаш по наставата.

И така Леона секој четврток одејќи на часовите по хрватски се возела со такси. Посебно била „важна“ кога по неа доаѓала млада и љубезна жена шофер со лимузина со темни стакла.

Се разбира и таксито било на сметка на училиштето.

https://www.facebook.com/slobodan.mufic/posts/1531662070253489

извор: dnevno.rs

 

На почеток