Македонија

Макрон го менува ставот за проширувањето, што ќе биде со Северна Македонија во мај?

Францускиот претседател Емануал Макрон денеска по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз, изјави дека Франција ќе ги повлече резервите за  проширување на следниот совет на ЕУ во мај доколку Европската Комисија до крајот на месецот ја изготви предлог методологијата за проширување со која би се адресирале барањата на Франција, објави iportal.mk.

– Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати, изјави Макрон.

Текстот во целост на: iportal.mk.

 

На почеток