Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божикниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и неговиот именден – празникот на Архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.
Претседателот Пендаровски порача дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година. „Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството“, истакна Претседателот.
На божикниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.
фото: Кабинет на Претседател