Магазин

Подобро да бидете сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери

„Кога имаш добро срце… Многу помагаш, многу веруваш, многу даваш, многу сакаш, а се чини дека најмногу си повреден.“

„Луѓето со добри срца и кај другите ја будат добрината.“

„Ниедна убавина не сјае толку сјајно како доброто срце.“

„Најкорисниот имот на личноста не е главата полна со знаење, туку срцето полно со љубов, со уши кои слушаат и раце кои сакаат да помогнат.“

„Луѓето со меки и добри срца не се будали. Тие знаат што им направиле другите, но повторно и повторно простуваат бидејќи имаат прекрасно срце.“

„Ништо не ја погодува добрата душа и доброто срце повеќе од животот меѓу луѓе кои тоа не го разбираат.“

„Добрите луѓе се како свеќи. Ќе изгорат за да им пружат светлина на другите.“

„Ако мислите дека вашата љубезност и добро срце ќе донесат само одбивање и патење, не дозволувајте тоа да ве промени. Ако сте внимателна личност која прави добри дела, не престанувајте само затоа што луѓето на кои им го пружате тоа не гледаат добро во вас. Проблемот е во нивната реакција или недостиг на истата, а не во вас. Не се менувајте. Тие се оние кои треба да се променат. Вие само продолжете да бидете љубезни, внимателни и со добро срце.“

„Подобро да бидете сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери.“

„На крајот на денот, нема да се сеќаваш на личностите со прекрасно лице. Ќе се сеќаваш на оние со прекрасно срце и душа.“

„Прекрасна личност е онаа со добро срце. Ако имаш добро срце никогаш нема да бидеш грд.“

На почеток