Македонија

Хаос со информации пласирани од МВР – Има или нема СВР Скопје нов началник ?

Министерот Наќе Чулев тврди дека Ристо Ставресвски е прв човек на СВР Скопје, додека неговата заменичка Славјанка Петровска тврди дека тој не е началник. Каква е вистината ?

Името на Ристо Ставрески се наоѓа на списокот на нови началници, кој прес службата на МВР го испрати до медиумите, додека заменичката на техничкиот министер пласира информации дека исото лице не е именувано за началник на СВР Скопје.

Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, Тој не бил прифатлив затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“ – објавија повеќе медиуми во земјава повикувајќи се на информација добиена од самата замениќка минситерка.

Чулев за прв човек на полицијата во главниот град го номинирал Ристе Ставревски, но Петровска не се согласила зашто, како што вели, тој бил дел од „бомбите“ што во 2015 година ги објавуваше СДСМ, партијата од која таа е номинирана за дополнителна заменик-министерка.

Станува збор за разговор на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Ристе Ставревски, од позиција на советник во нејзиниот кабинет, за предизборни средби и убедувања на различни категории граѓани. Во конверзацијата, конкретно, се споменуваат Куманово, околу 800 резервисти, бранители, но и други групи граѓани со кои Ставревски, според снимката, бил во контакт во пресрет на избори.

Чулев во изјава за „НетПрес“, смета дека Ставревски е професионалец и тоа што бил дел од кабинетот на Јанкуловска не е пречка да биде назначен.

„Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми. Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски. Што се однесува до сведочење во Суд, сведок може да биде секој граѓанин кој Судот ќе го прифати за сведок било на одбраната или на застапникот на обвинението, во случајот СЈО“, изјавил Чулев за „НетПрес“.

Ставревски е објавен во официјалното соопштение објавено од МВР како нов началник на СВР Скопје.

Во текот на вчерашниот ден прес службата испрати соопштение и одговор на прашање во кои се тврдеше дека се стопирани сите назначувања на нови Началници, а сагата со давањето различни информации за иста тема од истото министерство продолжи денес но само за началникот на СВР Скопје.

На почеток