Македонија
„Медена земја“ пиратски пуштен на Јутјуб – Дистрибутерски права за „Медена земја“ ги има американската куќа „Неон“
Документниот филм „Медена земја“ кој доби доби 2 номинации за Оскар, синоќа е пиратски пуштен на Јутјуб. Филмот го поставил корисник со иницијали ЈП и истиот се шири низ социјалните мрежи.
Дистрибутерски права за „Медена земја“ ги има американската куќа „Неон“, а филмот моментално е во понуда на стриминг гигантот „Хулу“.
„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеал да биде номиниран во две категории на најпрестижните филмски награди во светот.
Единствен македонски филм кој добил номинација за „Оскар“ е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година во категоријата филм од неанглиско говорно подрачје.
фото: Архива