Македонија

Министерството за одбрана дементира дека Анѓушев два дена пред да замине од Владата „лапнал“ тендер

Наводите во написите објавени во  месиумите се лажни и тенденциозни, велат од министерствот за одбрана.Тие во дементот објаснуваат дека Фирмата EDS не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Во демантот од министерството се вели:

Фирмата EDS што ја споменувате и злонамерно ја доведувате во контекст кој вие го посакувате, не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Ако бевте новинари кои трагаат по вистината истиот податок ќе го видевте и во Централен регистар.

Понатаму, за точно информирање на јавноста известуваме и за следново:  Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија.

На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда.

Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции.

Се надеваме дека ќе престанете да ширите лажни вести бидејќи така си штетите на себе, а државата ја правите буниште на лажни вести.

Истовремено, согласно чл.13 за ублажување на штета и чл.14 за право на реагирање, демант одговор и исправка, од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам да ми се извините за лагите и клеветите, и да го објавите овој демант согласно пропишаните услови од наведениот закон, се вели во демнтот од министерството за одбрана.

 

На почеток