Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на седницата се Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година и Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во прво читање.