Магазин

Имам од Уганда е суспендиран, се венчал со маж мислејќи дека е жена

Имам од Уганда е суспендиран откако е откриено дека жената со која се венчал е всушност маж. Шеикот Мохамед Мутумба (27) ја дознал вистината откако неговата невеста го украла телевизорот од соседите.

Имамот Мохамед Мутумба кој тврди дека не знаел дека неговиот партнер е маж е суспендиран, додека неговиот партнер е обвинет за „неприроден“ престап.

Многу граѓани на Уганда го измеваа имамот на друштвените мрежи велејќи дека тој е хомосексуалец кој не ја зборува вистината.

На почеток