Македонија

(ВИДЕО) Петровска го прекори Чулев: МВР не може да функционира на база на ад хок телеграми кои се издаваат преку ноќ!

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата заменичка Славјанка Петровска во интервју за „А1он“, додавајќи дека ситуацијата е изменаџирана, но последиците не се санирани. Петровска потенцираше дека неопходна била анализа на телеграмите, пред да бидат испратени за спроведување. За неа е спорно и дали воопшто Чулев може без основ, и со една наредба да укинува низа наредби од неговиот претходник, Објави А1ОН.

„Успеавме непријатната ситуација да ја изменаџираме, односно граѓаните да се чувствуваат мирни и безбедни. Но, тоа не значи дека е разрешена дилемата за тоа што со последиците од таквата негова одлука, која е предмет на договорање и усогласување и овие денови, односно е отворено прашање. За ваквото однесување, кое го сметам за несовесно, треба да се добие правна разрешница. МВР не може да функционира на база на ад хок телеграми кои се издаваат преку ноќ, постојат акти и закони кои уредуваат како треба министерството да функционира“, вели Петровска.

На почеток