Македонија

По 11 години уапсен еден од осомничените за грабежот на Прокредит банка

Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во тетово во Палма Мол, во ресторанот Емпириум, по што бил спроведен во ПС Тетово од каде бил спроведен во ПС Кисела Вода по што бил спроведен во КПУ Идризово.

Тој е осуден на 8 гoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009та година. Фатен од тигрите во Тетово, по претходна дојава.

Рустеми Идриз, (И.Р) е еден од ограбувачите на Прокредит банка кој се случи во април 2009 година. Тогаш од експозитурата на Прокредит Банка беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со Калашникови ранети беа тројца полицајци.

фото: Курир.мк

На почеток