Македонија

360 степени: (Бугарски медиуми) Фирма на Македоци нерегуларно увезувала отпад во Бугарија

Во Бугарија отворена е истрага за увоз на сомнителен отпад од Италија од страна на компанијата „Блацион“ ООД, во чија сопственичка структура се двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов. Станува збор за нерегуларен увоз на 25 контејнери со отпад на пристаништето во Бургас, објави 360stepeni.mk.

Оваа вест денеска осамна во бугарските медиуми, а двајцата Македонци, пак, демантираат дека станува збор за сомнителен отпад. Еден од нив, Горан Ангелов е директор и на депонијата „Дрисла“ во Скопје.

Според бугарските медиуми, отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови. Бугарското обвинителство соопшти дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.

Испраќач на отпадот е италијанската компании „Дентиче Пантелоне“, што е основана во 1984 година и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, депонирање на тврд индустриски отпад и преработка на пластмаса.

Според сториите во бугарските медиумите, откако од фирмата која го увезувала отпадот не реагирале на предупредувањето на Царинската управа во дадениот рок, обвинителството започнало истрага.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

 

На почеток