Македонија

Непознат сторител се обидел да запали полициско возило во Куманово

Опожарено полициско возило пред управната зграда на Секторот за внатрешни работи Куманово. Настанот се случил утрово. Откако го забележале сторителот полициските службеници  испукал три куршуми кон возилото, но тоа избегало.

Како што се наведува во соопштението:

Околу 02,10 часот во Куманово на ул.„3-та Македонска ударна бригада“ во кругот на Управни служби при МВР, додека УПС вршел редовно обезбедување на објектот забележал дека на околу 20 метри далечина НН лице се обидува да предизвика пожар на ПМВ Спарк сопственост на МВР на РСМ и по кратко време забележал пламен во возилото.Откако УПС тргнал према возилото, НН сторителот се дал во бегство.При преземање мерки за негово пронаоѓање од страна на екипи од ПС Куманово и ПС за БПС Куманово на ул.„Боро Прцан“ НН сторителот испукал три куршуми према ПМВ Спарк со рег.бр.170-091 сопственост на МВР-ПС на БПС Куманово и избегал, а повредени лица нема.СВР Куманово презема мерки за негово пронаоѓање. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ.

фото: Архива

На почеток