Магазин

(ФОТО) Атиџе ги освојува симпатиите од сите – Општина Лозово ќе се погрижи за кровот на куќата на Атиџе

ФБ статус на Коста Петров:

Денес заедно со Санела Шкријељ, заменик-министерка за труд и социјална политика, имавме можност да се запознаме со прекрасната Атиџе од „Медена земја“. Атиџе за сите нас е национална хероина и најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот.
Токму поради тоа навистина сум среќен што Општина Лозово ќе се погрижи за кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си жив пример за одржливост и ти благодариме за сите животни лекции, но најмногу за „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Единствено следејќи го твојот пример можеме да го зачуваме светот за генерациите кои доаѓаат после нас.

https://www.facebook.com/kostapetrovauthor/photos/pcb.1693439480798868/1693439370798879/?type=3&theater

фото: ФБ

На почеток