Македонија

Утврден Предлог-законот за Агенција за разузнавање

На предлог на Министерството за правда, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенција за разузнавање, и донесе одлука да биде пуштен на усвојување во Собранието.

Со донесувањето на новиот закон на Агенција за разузнавање, Република Северна Македонија ќе се стекне со модерна, професионална и ефикасна служба за надворешно разузнавање, способна во секој момент да се соочува со предизвиците.

Со донесувањето на новиот закон за Агенција, конечено ќе се заокружат започнатите реформи во безбедносниот систем во Република Северна Македонија, како предуслов за влез на државата во НАТО. Ова е во полза на националната безбедност и граѓаните воопшто.

фото: Влада

На почеток