Македонија

„Летница Белвица“ ја изгуби концесијата за риболов на Охридско Езеро

Владата ја укина концесијата за риболов на Охридско Езеро која ја доби фирмата „Летница Белвица“.

Последните неколку месеци оваа концесија беше во центарот на аферите кои се ојбавуваа во медиумите околу серијал неправилности при постапката за доделување на истата.

За причините на ваквата одлука, во текот на денот ќе се произнесе министерот Трајан Димовски, образложија од министерството. „А1он“ уште пред седум месеци откри дека концесионерот бил избран во нелегална постапка, со нецелосна документација и дека Чавкоски иако е нов концесионер, е стар газда на езерото. Пред да биде избран за концесионер, Милорад Чавкоски беше управел во „Пастрмка – 2013 Струга“ подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која претходно ѝ беше одземена концесијата поради непорибување и неплатени обврски кон државата.

Текстот во целост на А1 ОН

На почеток