Македонија

Во Лескоец охриѓанец затекнат како пренесува огревно дрво без документација, а кај сопатникот марихуана

На 21.01.2020 година, при преглед на патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 31 годишен охриѓанец, извршен на улица „Илија Смически“ во охридското село Лескоец, пронајдени се три метри просторни огревно дабово дрво без соодветна документација.

Притоа, кај неговиот сопатник 26 годишен охришанец, пронајдена е марихуана. Пронајдените предмети се одземени и предадени за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: Архива

На почеток