Првите врнежи снег за оваа есен го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк.
Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми.
Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.
оради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата.
Доцнеле и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.