Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Струга учествуваше на обуката организирана од огранокот на ДУИ во Чаир, во соработка со Американскиот Интитут НДИ и ИРИ. Ахмети рече дека ДУИ очекува нова победа на изборите што ќе се одржат на 12 април.
-Девојките и момците кои се приклучија на нашата визија и кои ги креираа нашите успешни политики кои се прифатени од граѓаните, донесоа последователни победи од 2002 година и ќе ја донесат и новата победа на 12 април. Ова е изборниот штаб на нашиот огранок во Чаир, посилен, по иновативен, поподготвен, со нови луѓе и победник. Вакви штабови имаме и во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Сарај, Боговине, Теарце, Желино, Липково, Куманово и во сите 36 ограноци. Градиме нови генерации на еден модерен ДУИ, иновативен, инклузивен, компатибилен со тоа што се бара денес и утре, ДУИ каков што ти го сакаш, конзинстентен, истраен, победнички и одлучувачки-, рече Ахмети во својот говор.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)