Свет

(ВИДЕО) Стефан од Белград во моментов е во најопасниот“ град во светот – едвај чека да се врати

27 годишниот Стефан Војниќ од Белград,  во моментов се наоѓа во „. Тој како и жителите од Вухан, веќе неколку дена е ставен во карантин поради коронавирусот. Тој вели дека не се плаши од заразата затоа што строго се придржува до сите правила, но сепак, тој не може да дочека да се врати дома.

Тој го опишува Вухан како „град без луѓе“, каде се затворени сите форми на јавен превоз од автобуси, метро до аеродромите, во некои продавници полиците се празни, но, вели Стефан, во моментов има доволно храна за секого.

– Нема паника, барем не ја забележав – истакнува тој во телефонското интервју за Танјуг, во кое се наведува дека сите ги почитуваат правилата – да носат маски на улиците, да избегнуваат контакт со луѓе и животни, редовно да ги мијат рацете …

Стефан дошол во Вухан во септември минатата година да студира на универзитетот Вухан, а планирал да се врати во Белград на 6 февруари, за кога и купил билет.

Сепак, неговото враќање засега е под знак прашалник…

 

На почеток