Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата, Објави Либертас.мк
Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.
Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење“ чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози“ на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ Васил Стерјовски. На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.
Меѓу другото учесниците побараа промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас, пишува Либертас.мк
Текстот во целост на: Либертас.мк
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)