Свет

Фондација на Бил Гејтс ќе донира 10 милиони долари за мерки против ширење на коронавирусот

Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ќе донираат 10 милиони американски долари за мерки против ширење на коронавирусот во Кина и Африка, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на фондацијата.

Епидемиолозите мака мачат да пронајдат лек против смтоносниот вирус, кој до сега одзеде 80 животи, додека бројот на заразени се искачи над 2.700. 95% од смртните случаи и повеќе од 50% од заразените се во провинцијата Хубеи.

Кина исто така откри дека вирусот може да се пренесе пред да се манифестираат какви било симптоми, вест која во неделата ја потврди кинескиот министер за здравство Ма Ксиоуи.

фото: Архива

 

На почеток