Македонија

Мицкоски: Св Сава не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина

Дозволете ми во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да ви го честитам големиот празник Свети Сава. Чествувањето на денешниот празник посветен на првиот српски архиепископ  и просветител претставува почитување на неговото животно дело и вредности кои ги надминаа етничките рамки и сите нас не научија на меѓусебно разбирање и почитување. Неговото дело не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина преку јакнење на културните односи во нашата татковина, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество  со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.

Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на погазено достоинство, тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.

Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства.

Нека е честит големиот празник Свети Сава, се вели во честитката од  Мицкоски.

На почеток