Коментари

Ландов: Немаме намера да и се извинуваме на Мизрахи, нема да дозволиме да биде главен уредник

Фејсбук статус на Кристијан Ландов од А1он.мк.:

Мизрахи е навредена затоа што во наслов не стоело “министерката Мизрахи”, посочувајќи дека насловот изразува улична комуникација, што пак е навреда само по себе за медиумот и новинарите. Таа демантира дека нејзината шефица на кабинет е екссоветничка на Груевски. Лага. Текстот беше потркепен со листата на советници на Груевски, објавена од Владата, каде Апостолова е 52. по ред. Лага е дека не сме побарале став од втора страна, патем и во самата вест пишува дека Апостолова не одговараше на повиците, за што постојт уредни записи од операторот.

Нема да се извинуваме на Мизрахи.

И порачуваме на министерката дека нема да дозволиме да биде главен уредник и ја замолуваме да внимава на речникот и на квалификациите за новинарите.

“А1он”, со доказите кои ги поседува, ќе ги извести сите меѓународни организации за притисокот од министерката на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/landovk/posts/2594127030697711

На почеток