Македонија

Автобус и автомобил се судрија на автопатот Куманово-Табановце – повредено 21 лице

Патници и возачи на автомобил и на автобус се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Табановце, информираше денеска МВР, Објави Инфомакс.мк.

Сообраќајката се случила во 21.50 на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучката за Крива Паланка помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Во несреќата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

извор: Инфомакс.мк

На почеток