Македонија

Лила Филиповска денеска ќе сведочи за „Рекет“

Водителката Лила Стојановска, шефицата на кабинет на Катица Јанева – Сања Димовска, како и Агапи Дика и Весна Костовска се четворицата сведоци кои денеска се поканети да сведочат во судница за случајот „Рекет“.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

фото: Архива

На почеток