Македонија

АА: Со лица инкриминирани во кривични дела, не може да се донесе закон за ЈО

Дебатата за законот за Јавно Обвинителство треба да биде дебата во која се вклучени криминално чисти лица, а не осомничени и обвинети, како што е случајот со еден број пратеници на ДУИ.

Срамно е што ваков закон од ваква важна природа се очекува да го изгласаат овие лица директно инкриминирани во разни кривични постапки.

Алијанса за Албанците смета дека новиот Закон за Јавно Обвинителство не е закон што треба да овозможи политички игри и манипулации. Сметаме дека учеството на овие лица во донесувањето на законот и дискусијата за истиот само ја нарушува целта на законот, што треба да биде функционирање на Јавното обвинителство без надворешни влијанија, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците. 

На почеток