Фб статус на претседателот Стево Пендаровски:
🙏 Искрено сочувство до семејството и пријателите на Благоја Георгиевски – Буштур. Ќе остане запаметен како еден од најголемите македонски кошаркари на сите времиња. Неговите блескави партии во дресот на Работнички како и настапите за некогашната југословенска кошаркарска репрезентација ќе останат врежани во македонската колективна спортска меморија. Загубивме кошаркарска легенда, посветен спортски работник, ведра и пријатна личност.