На 29.01.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16.30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.
Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години. После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: Архива
