Пензионерите ќе добијат за 722 денари повисока јануарска пензија. Вицепремиерката за економија Мила Царовска вели дека покачувањето се должи на зголемените приходи во Фондот за пензиско осигурување од страна на вработените лица.
,,Покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, изјави Вицепремиерката Царовска.
Соодносот во пензискиот фонд сега е на 1.8 вработени, еден пензионер, а за да биде самоодржлив, според Царовска , тој сооднос треба да биде на тројца вработени еден пензионер.
фото: Архива
